Радио Милева ексцентрици

Скандалозните изданија на новата сопруга на Кенје Вест немаат крај – овој пат гола под проѕирната кабаница (фото)

Скандалозните изданија на новата сопруга на Кенје Вест немаат крај – овој пат гола под проѕирната кабаница (фото)

Новата сакана на раперот и моден дизајнер Канје Вест не престанува да ја интригира јавноста. Бранка Ценсори стана препознатлива по своето скандалозно појавување во јавност, баш како и овој пат.

Раперот (46) и неговата 29-годишна сопруга биле фотографирани додека шетале низ гаражата во трговскиот центар „Century City“ во Лос Анџелес, облечени во долги пластични мантили и покрај сувото време.

Бјанка изгледала како да носи само гаќички под мантилот, што не е изненадувачки со оглед на нејзините претходни модни изданија. Заедно со мантилот таа носела и црни чизми со потпетици.

Канје, за разлика од сопругата, под капутот носел црна широка тренерка, а на нозете носел и црни „Balenciaga“ чизми.

Токму овој аутфит го потсетил босанскиот дизајнер Марко Фехер на производот на „Југопластика“ и рекламата од 1970 година. Имено, тој на својот Инстаграм профил сподели фотографија од Канје и неговата сопруга заедно со фотографија од рекламата за кабаниците на „Југопластика“ од 1970 година.

„Канје и Бјанка во 2024 година и Југославија во 1970 година“, напишал Марко и се пошегувал: „Ние бевме првите што го направивме ова, како и сè друго“.

фото:Instagram printscreen/ markofeher/ the.real.bianca.censori/ twitter TMZ

To top