Радио Милева на разубавување

Папараци ја уловија Мелина Џиновиќ како шета низ град со виклери на главата (фото)

Папараци ја уловија Мелина Џиновиќ како шета низ град со виклери на главата (фото)

Модната дизајнерка Мелина Џиновиќ се разведува од долгогодишниот партнер, пејачот Харис Џиновиќ.

Веста за нивниот развод ја изненади јавноста, а таа не сакаше да елаборира, но не ги демантираше наводите за пропаѓање на бракот.

Инаку, Мелина минатиот ноември наполни 42 години, секогаш ја гледаме совршено негувана, а исто толку добро изгледа и без шминка.

Екипата на емисијата „Папарацо лов“ еднаш опуштено ја сликаше Мелина, а потоа немаше ни трошка шминка на лицето.


Потоа посетила фризер, па низ главниот град прошетала со виклери на главата, а никој не ја препознал на улица.

Да потсетиме дека љубовната приказна меѓу Харис и Мелина започна во 2002 година, кога дизајнерката беше трета година на студии. Нивните емоции веднаш се разгореа, а иако не сакаат да зборуваат за приватниот живот, Харис во едно од ретките интервјуа призна дека „едноставно се нашле“.

фото:Instagram printscreen/ melina.dzinovic.fp/ You Tube/ Paparazzo lov

To top