Стар Стауфер Вајс (74) е вдовица од Колорадо Спрингс, која тврди дека моментално го живее животот од соништата, бидејќи во седумдесетите решила да се посвети на тренинзите за танцување на шипка.
Стар мислела дека е малку веројатно дека ќе може да ја оствари оваа желба, но дека всушност не се обидела додека не се појавила пандемијата.
Таа наведува дека осамениот живот со две мачки и разбудил чувство на самотија и дека штом малку се намалиле ограничувањата за пандемијата, решила да си ја исполни желбата. Првиот знак дека е време нејзиниот живот да се промени, го пронашла во локалниот весник.
– Тој напис беше за локална професионална танчерка, Дијана Мартин, која беше свештеник. Таа почна да танцува на шипка кога имаше речиси 50 години, а сега, на 64 години е мој личен инструктор. Таа е мозокот зад „револуцијата“ во танцувањето на шипка, вели Стар, а пренесува Сан.
Откако ја прочитала статијата, Стар била повеќе од возбудена да започне сопствено патување во своето хоби.
– Ми ја врати идејата и стариот сон за танцот на шипка, со години ми беше на списокот со желби, но некако секогаш го туркав во некое друго ќоше – истакна Стар.
– Искрено, си помислив „Можам ли воопшто да го направам ова?“ – тврди таа.
Пред 18 години го испратила својот сопруг во вечниот дом, а самата се бори со ревматоиден артритис во зглобовите и рацете, деформирана десна рака поради артритис и остеопороза. Има две плочки и девет завртки во телото од пад пред 16 години.
View this post on Instagram
– Решив да испратам порака до студиото „Пол револуција“ да проверам дали има старосна граница – рече таа.
– На мое задоволство рекоа дека ја нема. Не губејќи време, се пријавив на воведен час таа недела. Немав идеја дали ќе можам да го направам тоа на моја возраст и со мојата медицинска историја, но не само што успеав, туку и целосно се навлеков – истакна таа.
фото: Facebook / Starr Stauffer Wise/ Instagram / starr.wise