Пејачката Светлана Сека Алексиќ е многу активна на социјалните мрежи, а на Икс често го кажува своето видување за актуелните случувања.
Сека не остана имуна на коментарот кој и беше испратен на споменатата социјална мрежа, па реши веднаш да одговори.
– Скршени мостови со старите соработници, лоши односи со колегите, заробена во православен брак, презир кон животот и сопствениот и воопшто, се гледа на нејзиното лице и на фотошопот за албумот. Имаше црвен фустан за да ги скрие тетоважите, полето со пченка во Стара Пазова и една шанса – гласеше коментарот на непознат корисник.
Пејачката во нејзин стил веднаш одговори:
Period kada si mogao samo da sanjas da imas kukuruziste kao ja, i danas ti je taj period. Sanjaj o zivotu kao sto je moj i bavi se i dalje analizama ljudi koje nikada neces dostignuti. Zanimljive su ti analize, vidi se da si nesrecan i da nemas ni kolege, ni bracnu zajednicu, ni… https://t.co/Pcs0PVCOVs
— Seka Aleksic (@poslednjilet) January 28, 2024
– Периодот кога можеше само да сонуваш да имаш нива со пченка како мене и денес сѐ уште ти е тој период. Сонувај за живот како мојот и продоли да ги анализирш луѓето до кои никогаш неможеш да ги достигнеш. Интересни ти се анализите. Се гледа дека си несреќени дека немаш колеги, брак, живот, соработници итн. Земи длабок здив. Ќе бидете среќни и сакани еден ден, кога ќе станете подобра личност. Дотогаш ќе се молам за тебе во овој мој заробен православен брак – напиша Сека.