Парфемите се можеби најомилениот женски детаљ, а познатите актерки, пејачки и сите дами од јавната сцена во регионот често се наоѓаат на некој спектакуларен настан каде се блеска од елеганција и стил, а секако и парфеми чии мириси остануваат долго зад нив. Има и такви кои и покрај ново лансираните мириси на пазарот остануваат верни на својот омилен парфем кој го користат со години, а меѓу нив се и Наташа Беквалац и Јелена Карлеуша.
Колешките имаат еден избор, а тоа е дефинитивно Шанел – Коко Мадмазел.
„Инаку сакам силни и трајни парфеми кои мирисаат на сензуална и заводлива жена, на се*с. Парфемите на Шанел отсекогаш биле мој избор. Моментално користам Шанел – Coco Mademoiselle, Allure, No 5… Има еден Шанел парфем кој е моето тајно оружје за заведување пред спиење, а компанијата Шанел го произведува годишно во ограничена серија“- изјави еднаш Карлеуша.
Друг омилен парфем на Наташа Беквалац е женствениот и цветен мирис „Le Parfum“ од Ели Сааб.
За разлика од Наташа и Јелена, Милица Павловиќ често менува парфеми бидејќи, како што вели, брзо и здосадуваат, па на полицата за козметика има вистинска мала колекција на мириси. Моментално го користи Нарцисо Родригез.
Една од нашите најпознати блогерки, Зорана Јовановиќ, покрај парфемите од својата колекција, често користи и парфеми во кои доминираат нотите од ванила: Lolita – Lempicka и Acqva e Zucchero.
Пејачката Емина Јаховиќ не се разделува со парфемите од својата колекција, поточно Yaemina – Closer, додека актерката Драгана Миќаловиќ со години го користи Creed – Aventus за неа.
И додека овие се верни на парфемите, сопругата на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, Јелена има своја тајна – во последните години е посветена на трајните алтернативи на парфемите, есенцијалните масла кои по својата сила, обезбедуваат мирис најмногу сличен на парфемот.
Светлана Цеца Ражнатовиќ, како и Карлеуша и Наташа Беквалац, е обожавателка на парфемите Шанел:
„Иако досега лансирав два парфеми, омилени ми се оние од Шанел. Најчесто носам „Coco Mademoiselle““, изјави таа за локалниот медиумите пред неколку години.
И Ана Николиќ е посветена на куќата „Шанел“ – „Ова се парфеми на Шанел. Јас користам Шанел 5 за посебни ситуации, црн Шанел за ноќе и зима, а Шанел мадемазел за сите прилики“- открила Ана.
Фото: Инстаграм/yaemina/ananikolicofficial/bekvalceva/karleusastar/cecaraznatovic