Мегафон

„Земјотрес“ во МКЦ по 12-ти пат: Фестивал на свежа, домашна и независна музика

„Земјотрес“ во МКЦ по 12-ти пат: Фестивал на свежа, домашна и независна музика
Се тресеме. Сите заедно. Се тресеме од студ, се тресеме од неизвесност…. се тресеме од извесност. Се тресеме од туѓите избори, од памет не вадат нашите избори. Се тресеме 12 години со нашиот „Земјотрес“, се тресеме елегантно, ма прекрасно се тресеме. Скопје е трусно подрачје, совршена сцена за урбана зомби апокалипса во континуитет. Па се тресеме во континуитет. Се тресеме во ритмот на музиката, кожи наежени, младост подготвена да експлодира низ конзервата на ебеното примитивно општество. Се тресеме од општеството, а би сакал ние да го треснеме посред глупата му фаца.
Земјотресно Скопје. Дојдете да се тресеме заедно по 12-ти пат во МКЦ, а и МКЦ се тресе. Ладно му е. Додете да го гушнеме. Дојдете да се видиме, прегрнеме.
Настапуваат:  Ади Имери трио, Андреја Салпе, ATA, Damage Control, Добрила и Дориан дуо, Donplaya, Gargara, Искра,  Кенопсија, Културно Уметнички Работници, Lincoln Letter,  Luke Levin, MC Kain, Meggy, Мирко Попов, Новиот почеток, ОВЦ Колектив, Tengri, The Ooz, Trendkill, Visionary…
„Зeмјотрес“ e nајголем фестивал на свежа, домашна и независна музика
Сабота, 3-ти февруари 2023, почеток: 19:00, крај: 04:00
 Локација: Младински Културен Центар
Влезници во претпродажба на bileti.mkc.mk + билетара на МКЦ
To top