Мегафон театар

Монобајката „Презимето на розата“ на Оливера Балашевиќ на големата сцена на МНТ

Монобајката „Презимето на розата“ на Оливера Балашевиќ на големата сцена на МНТ

На големата сцена во Македонскиот народен театар на 15 март 2024 година со почеток во 20:00 часот ќе гостува монобајката „Презимето на розата“, во изведба и режија на Оливера Балашевиќ.

„Презимето на розата“ е автентична драма на театарот на исповеди, која ја води публиката низ сеќавањата на авторката на книгата „Планета двориште“. Низ очите на девојчето кое е пораснато покрај брегот на Бегеј, патот на сеќавањето води од детството полно со љубов, но лишено од привилегиите на нејзините врсници, до студентските денови во Нови Сад и љубовта, поезијата, семејството. „Презимето на розата“ е емотивна приказна за најважните вредности на животот, за времето што нè чека да го исполниме со спомени, за борбите и одлуките што не се лесни, но се неизбежни.

Асистент на режисерот е Јелена Балашевиќ, а дизајнер на светло е Бранислав Агарски.

По претставата следи промоција на романот „Планета двориште“ и потпишување на книгите од страна на Балашевиќ, со пригоден коктел.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата како и онлајн преку веб-страницата www.mnt.mk.

To top