Бергузар Корел е една од најпопуларните турски актерки откако го играше ликот на Шехерезад во серијата „Илјада и една ноќ“ во 2009 година. Таа со години беше критикувана за својот изглед, но сега целосно го промени имиџот.
View this post on Instagram
Актерката имаше карактеристична темна, долга коса во серијата, но сега ја обои во руса и носи многу популарна боб фризура.Корел и нејзиниот сопруг Халит Ергенч беа главните ликови на популарната турска серија која многумина во регионот ја обожаваа.
Тие се заљубиле на снимањето на „1001 ноќ“ и ги оставиле тогашните партнери за да бидат заедно.Имено, Халит бил среќно оженет и го чекал своето прво дете со 13 години помладата сопруга Гизем, а потоа се заљубил во колешката со која работел.Бидејќи Халит јасно и кажал дека е вљубен во друга, Гизем решила да ја прекине бременоста.Се шпекулираше дека Халит не ја спречил, туку решил да и плати значителна сума пари и на тој начин да ја заврши брачната и љубовната приказна со неа.
View this post on Instagram
Бергузар пак, во тоа време го оставила своето момче и набрзо се омажила за Халит.Тие се во брак од 2009 година и имаат три деца: синовите Али и Хан и ќерката Лејла.Со години се шпекулираше дека се разведуваат и велеа дека Халит ја изневерува бидејќи во Турција важи за голем женкар, но тие гласини секој пат ги демантираа и актерите се’ уште се во брак.
Фото: Инстаграм/berguzarkorel