Македонските спортски амбасадорки Илина и Ева Соколовски сезоната на натпреварите во ритмичка гимнастика ја завршија со уште по едно злато. И двете на натпреварите минатата недела го освоија првото место во републичкиот натпревар во Германија и сега заслужено заминуваат на одмор во Скопје, родниот крај на нивните родители.
Илина викендот победи на последниот летен натпревар што се одржа во градот Минтер, Германија, и го освои пехарот од 21 натпреварувачка, колку што учествуваат во групата до 12 години. Таа има 11 години, но заради талентот и знаењето цела година се натпреварува со поголема група.
Овој пехар доага веднаш по првиот интернационален, кој се одржа на почетокот на месецот во Украина, каде исто така го освои златото и беше прогласена за- принцеза на Украина.
Ева, пак, која има 9 години во нејзионата група исто така го освои златото. Таа годинава имаше шест натпревари во Германија и на сите шест го освои првото место.
Илина и Ева се гордост на Германија, иако се уште настапуваат со македонски пасош.