Српскиот музичар Ѓорге Давид во саботата вечерта учествувал со страшна сообраќајна несреќа во близина на граничниот премин Табановце во Куманово.
Во целиот хаос една жена загина, а како што е познато од полицијата и обвинителството истата ја удрил токму Ѓорге со својот автомобил.
Тој за време на несреќата се враќал од Гевгелија каде имал работни обврски, а пред несреќата се снимал и објавил на Инстаграм жалејќи се дека времето е лошо и дека не сака зима и снег кој тогаш започнал да врне.
View this post on Instagram
-Ги завршив работните обврски кои ги имав вчера и денес и тргнувам за Србија, застануваме малку во Ниш. Единствено што е ненормално е што овде во Гевгелија започна да врне снег. Кога во Гевгелија врне снег, тогаш на север сигурно е погрозно и постудено. Мразам зима до коска, се пожали рокерот возејќи се во својот автомобил неколку часа пред несреќата.
Видеото погледнете го ТУКА
фото:Instagram printscreen/ djordje_david