Радио Милева домашно издание

Од глетката што ја сподели  Елена – „Живот со стил“ ќе ви се заврти во глава: Насекаде расфрлани чевли, а таа во домашни папучи со зимски дебели чорапи (фото)

Од глетката што ја сподели  Елена – „Живот со стил“ ќе ви се заврти во глава: Насекаде расфрлани чевли, а таа во домашни папучи со зимски дебели чорапи (фото)

Фановите на екс – ТВ водителката и инфлуенсерка, Елена Најдоски или попозната како „Живот со стил“  имаа можност да ѕирнат во нејзиниот дом и да видат што прави во понеделник навечер.

Познато е дека таа обожава да ги посетува најдобрите светски продавници па нормално  после толку многу пазарење потребно е сеето тоа да се складира на соодветно место.

Сепак, додека некои тој дел сакаат да го задржат само за себе Елена одлучи да го сподели тоа со јавноста.

Таа направи исклучок и ги изненади нејзините следбеници на социјалната мрежа Инстаграм па им покажа што направила.

Не е тешко да погодиме дека плакарот на Елена крие многу и скапи брендирани чевли од кои веројатно некои воопшто и не се ниту обуени, а сега таа ги извадила и ги растурила сите со цел да ги подреди најдобро што може.

Со тоа Елена ги потсети и другите да го направат истото и напиша:

– „Подреди го плакарот  – Ако ме прашувате што правам во понеделник вечер“  – обелодени таа.

А она што го привлече вниманието на сите беа нејзините домашни папучи кои ги носеше со топли зимски чорапи додека местеше и средуваше, па и нив ги улови во кадарот.

Сепак, повеќе од сигурно е дека многумина, а особено жените останале воодушевени од тоа што се одлучила да го прави Елена да  чисти и средува,  а и од глетката која ја сподели исполнета со купот од чевли во разни бои.

Едно е сигурно дека Елена освен што купува знае и како домаќински да ги чува за што подолго да траат и да изгледаат како нови и чисти.

Фото: printskrin/instagram/elena_zivotsostil

To top