Мегафон

Бени Шаќири е нов директор на МКЦ

Бени Шаќири е нов директор на МКЦ

Музичарот Бени Шаќири е назначен за директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), потврди градоначалничката Данела Арсовска за САКАМДАКАЖАМ.МК.

-Покрај Шаќири, кандидатури поднесоа и продуцентот и филмски работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи, пишува порталот.

-Шаќири доаѓа на местото на Никола Алексов, дипломиран детектив, кој беше поставен на функцијата во јануари откако Арсовска го разреши Ванчо Богоев. Тогаш од Програмскиот совет на МКЦ рекоа дека Богоев, кој 36 години е дел од институцијата, е сменет бидејќи не сакал да го вработи пејачот Бени Шаќири, кој на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Скопје на ДОМ и ЛДП. Од МКЦ рекоа дека тогашниот генерален секретар на Градот Зоран Глигоров вршел екстремни притисоци да се потпише вработување на Шаќири, пишува порталот.

Фото: Фејсбук/Arben BENI Sakiri – THE KING OF ROCK Music

To top