Радио Милева колапс

Драма во студиото: Водителката се онесвести среде емисија во живо (видео)

Драма во студиото: Водителката се онесвести среде емисија во живо (видео)

Веднаш по разговорот со репортерот кој се јавувал од терен, водителката на информативната програма Теледиарио Монтереј, Памела Вилануева, колабираше во студиото.

Девојката наеднаш се заниша, ја прекина реченицата, а потоа со тетеравење падна во несвест.

Што доведе до тоа ќе откријат лекарските прегледи, но Вилануева се врати на работа следниот ден.

– За жал, тоа не беше шега. Се онесвестив, но сега се чувствувам добро. Како и да е, ќе ги направам потребните тестови, а во меѓувреме им благодарам на сите што се грижеа за моето здравје – изјави таа.

Вилануева претпоставила дека изгубила свест затоа што тоа утро не појадувала добро, а во една од објавите од срце му се заблагодарила на камерманот Хуан Диего, кој успеал навреме да ја фатил и да ја спречи да се удри со главата на подот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pamela Villanueva (@paamvillanueva)

На својот профил на Инстаграм таа во понеделникот потврди дека им се вратила на обврските и дека се враќа во студио во полна форма.

фото:You Tube printscreen/ Instagram paamvillanueva

Поврзани теми

To top