Илина Арсова, македонската алпинистка и сликарка, која замина да живее во САД, а неодамна на кратко се врати во Македонија поради промоција на нејзината сликовницата за деца „Највисокиот врв“, таа повторно „отпатува“ во родниот крај, но сега само со мислите.
Оддалеку се забележува дека Илина иако тежнее кон промена и нејзиниот нов начин на живот во Соединетите Американски Држави каде што се пресели си го прават своето.
Арсова неретко е разочарана и незадоволна од тоа што го гледа во Македонија па и сега не остана имуна од една фотографија која и го привлече вниманието и јавно ја коментираше.
– Само во Македонија ние го уништуваме нашето културно наследство наместо да ја сочуваме оваа куќа… Пред и потоа – напиша таа.
Па, на следната кратка приказна на нејзиниот „Инстаграм“ профил покажа и на што точно мисли.
– А, ова очигледно е потоа – напиша таа откако ја сподели фотографијата на која се гледа новата градба што никнува.
Илина повторно со факти ги претстави недостатоците кај нас кои очигледно и пречат, бидејќи нејзиниот личен впечаток е баш таков, а иако нејзиното мислење го делат и многумина други, сега за сега останува само мислење и ништо повеќе, но со надеж дека некогаш и ние ќе научиме да го чуваме културното наследство како и другите држави.
Фото: Printskrin/Instagram/ilina_arsova