Радио Милева и се собра...

На Миа Костова „тортурата“ на недолжните граѓани при вадењето нови документи и ја прели чашата, па и се истури власта: „Вие сте дно… Истов овој народ треба да ве собере и фрла по контејнери“ (ВИДЕО)

На Миа Костова „тортурата“ на недолжните граѓани при вадењето нови документи и ја прели чашата, па и се истури власта: „Вие сте дно… Истов овој народ треба да ве собере и фрла по контејнери“ (ВИДЕО)

Нова Година и Божиќ поминаа, ама проблемите ни останаа… И не само што останаа старите, туку истите ни се апдејтуваа и мултиплицираа, а преку ноќ ни се накалемија и нови… Пушти вести или отвори портали, социјалални мрежи и не можеш да не видиш до кое дереџе сме дојдени… Саде очај, чемер, беда, смрт и јад… Дното оддамна е допрено, сега во истото се закопуваме како во жива песок… Се’ подлабоко и подлабоко…! Дур не се удавиме. Револуционери оддаммна нема, особено не после 27-ми април, па додека мнозинството молчи и ги чека „своите 5 минути“  за „одмазда“ со пенкало на избори, социјалните мрежи вријат. Сите од гласни – погласни, а меѓу нив и некои од познатите личности… До душа, со полно право.

Една од оние која редовно е „без влакна на јазикот“  за се’ што се случува без оглед дали и неа лично ја тангира и допира е Миа Костова. Македонската водителка „на стен бај“ и актуелна инфлуенсерка која важи за една од највлијателните, своето убоито оружеје – социјалните мрежи и тоа како ги користи. Најчесто и најмногу за да укаже на сите аномалии и исчашени вредности во општеството и на оние од „дното на врвот“, да им го покаже местото.

 

По празниците изгледа на Миа се’ и се собра, па најпрвин во Фејсбук статус проба „умерено“ да искоментира што ја иритира деновиве.

“Во два дена имаме информација за загаден воздух кој кај новородени е еднаков на две испушени кутии цигари, упад на аеродром во контролна кула и ќотек на вработен како и најава за ромски бал со Цеца и Теа Таирович. Нас никој ништо не ни може! Ми од плина и бензина Израел и Палестина, једне ночи волиш ме, друге ночи мрзиш ме лалалала Трулу вишњу …“

Сепак, она што и ја прели чашата  на русокосата инфлуенсерка,  беше „тортурата“ на недолжните граѓани при вадењето нови документи. Редици и турканици, стари, изнемоштени лица, пензионери, жени, мајки со мали деца, со часови на минусни температури да чекаат и да се туркаат во хаосот и безредието кои оние од власта го иницираа.

Миа Костова со едно споделено видео на кое се пресликани очајот, бедата и понижувањето на сопствениот народ, жестоко удри по оние кои ваквата состојба ја создадоа.

Ова е навреда! Најдолно третирање на сопствениот народ. Ова е за секоја осуда за е*ени документи кои мора да се извадат, а дел од нив се извадени лани… Вие сте дно! Заслужувате да ве собере истиов овој народ и да ве фрла по контејнери“ – им порача Миа Костова на оние од „дното на врвот“ во државата!

Фото и видео: Фејсбук и Инстаграм/

To top