Радио Милева тажна вест

Позатиот актер криеше дека се бори со опаката болест: Ѕвездата на „Наркос“ почина на 43 годишна возраст (фото)

Позатиот актер криеше дека се бори со опаката болест: Ѕвездата на „Наркос“ почина на 43 годишна возраст (фото)

Љубителите на серијата „Наркос“ се во тага и неверување дека почина младиот мексиканскиот актер Адан Канто.

Тој починал во вторникот од компликации од апендицитис, изјави неговиот претставник за The Hollywood Reporter.

Канто, кој може да биде препознаен по неговите минати ТВ улоги во „Designated Survivor“ и „Narcos“, го играше Арман Моралес две сезони во „The Cleaning Lady“.

Роден е во Сиудад Акуња, Мексико, а пораснал во Тексас, каде ја започнал својата музичка кариера. Има напишано песни за неколку мексикански ТВ емисии и филмови, и на крајот стигна на сцената во адаптацијата на Педро Алмодовар на „All About My Mother“. Неговата прва ТВ улога беше во „Estado de Gracia“ во 2009 година.

Американското актерско деби на Адан се случи во криминалната трилер серија „The Following“ на Fox од 2013 година, во која глуми Кевин Бејкон. Продолжи да глуми во ситкомот на ABC „Mixology“, криминалната драма на Netflix „Narcos“, „Blood and Oil“ и „Second Chance“. Неговата прва голема филмска улога беше онаа на суперхеројот Санспот во „X-Men: Days of Future Past“ во 2014 година.

Канто се приклучи на серијата на Fox „Designated Survivor“ во 2016 година и има режирано два кратки филма, „Before Tomorrow“ во 2014 година и „The Shot“ во 2020 година.

Адан беше сопруг и татко на две малечки деца.

фото: Instagram printscreen/ adancanto

To top