Пејачката Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо, за Нова година настапи во „Белград на вода“, а нејзиниот настап го одбележа и мала „несреќа“, која се рашири и на социјалните мрежи.
Имено, пејачката додека пеела незгодно паднала и се нашла на подот, но брзо станала и продолжила со песната како ништо да не било..
View this post on Instagram
Овој момент го забележале сите присутни, а Сара на социјалната мрежа Инстаграм веднаш се пошегува на своја сметка.
– Не знам за вас, но јас веќе „паднав“ во 2024 година. Луѓето немаа време да сфатат дека паднав. Сè навистина се тресеше – напиша тогаш Сара.
Сега, за ова нејзино видео, остави коментар и нејзината македонска колешка, и пријателка Антониа Гиговска.
– Јас еднаш паднав, ова би ми било реприза – со многу смајлиња ја охрабри и ја поддржа и Антониа алудирајќи на тоа дека не е сама кога станува збор за паѓање на сцената.
Па иако изгледа дека е се совршено и блескаво, всушност за добар крај пред своите фанови потребно е голем професионализам , бидејќи како што сподели Антониа, фановите не се бираат, тие го ценат она што го гледаат иако секогаш не е така лесно.
Фото: Printskrin/Instagram/antoniagigovskaa/sarajoofficial