Радио Милева Некому  инспирација, некому иритација

Еве како и за што вежба Лила среде бел ден на улица со жива блех музика.: „Нека гори Балкан…“ а Бога ми и Александар Палас (ВИДЕО)

Еве како и за што вежба Лила среде бел ден на улица со жива блех музика.:  „Нека гори Балкан…“ а Бога ми и Александар Палас (ВИДЕО)

Најпознатата и најдолговечна македонска ТВ водителка, Лила Филиповска деновиве уловена во  мошне необично и интересно издание.

„Некому  инспирација, некому иритација“ – како што самата знае да каже, среде бел ден во свечен провиден фустан на високи потпетици, наметната со бунда Лила танцува, игра, меша… И тоа чочек со жива  блех музика. Околу неа ечат руби, саксофони, силно чука тапанот, а водителката се врти, се извива, ниша со колкови, меша со бокови, лула карлица… Небаре е  некоја балканска турбо фолк убавица од Србија, од оние налик на  Цеца, Теа, Прија…

Дали водителката нешто слави или се враќа од некоја целовечерна забава, па до дома свирачите и прават утринско „афтер парти“ испраќајќи ја со музика, беше непознаница на која сите и се чудеа во првиот миг кога ја здогледаа. Зашто Лила досега невидена во вакво издание го привлече сето внимание на случајните минувачи, ако воопшто и ги имало во тие рани утрински часови, ама најмногу на оние кои вака расположена ја начекаа на социјалните мрежи.

И додека сите се’ уште беа во прашалници, водителката вака „опуштена“ меѓу Новогодишните и Божиќните празници веднаш поита да ја објасни ситуацијата и расположението, за јавноста случајно погрешно да не и го сфати и негативно искоментира поведението.

Имено, Лила ниту нешто слави, ниту се враќа од ноќна забава или некаква прослава, туку водителката само вежба! И тоа чочек за дочек… Не на некој претстоен празник, туку ромски чочек за Ромски бал… И тоа светски! Најавен за  18 ти јануари во скопскиот хотел Александар Палас. А на него гости од целиот свет и специјални естрадни фолк мегаѕвезди од регионот.

„Вежбаме за четириесет и четвртиот Светскиот Ромски Бал на 18 ти јануари во хотелот Александар Палас. Гости од целиот свет, забава и дружење. Многу музички гости и специјални гостинки Цеца и Теа Таировиќ. Како и секогаш се барa место повеќе , затоа резервирајте си на време“  – порача Лила во паузата меѓу два чочека појаснувајќи ги деталите, па потоа онака качена на сандалите иако е зима, додека е уште загреана, покажа што извежбала!

Според најавеното, а и прикажаното од нејзина страна, несомнено бргу успеа да не убеди сите нас, дека на  Светскиот ромски бал „ќе гори Балкан“… а Бога ми и Александар Палас!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Фото: Инстаграм/lilafilipovska

To top