Радио Милева за да тргне на убаво

Кај нив нема лабаво: Познатите Македонци во Новата 2024-та ги спакуваа куферите и заминаа да одморат (фото) 

Кај нив нема лабаво: Познатите Македонци во Новата 2024-та ги спакуваа куферите и заминаа да одморат (фото) 

Со желби за поубава година од претходната, влеговме сите во Новата 2024-та, па така влегоа и македонските јавни личности.

Но, кога е во прашање почетокот на годината некои ја дочекаа надвор од границите на Македонија, а некои сега одлучија да го направат тоа и да заминат некаде за еуфоријата што подолго да им трае но и да им тргне на убаво.

Па така, многумин од нив на Инстаграм веќе се пофалија со новите фотографии кои  ги споделија со следбениците и открија кој(а) каде заминал(а).

Македонската пејачка и виолинистка Андријана Јаневска, овие денови одлучила да ги искористи за престој на чист планински воздух, па изборот паднал на Маврово.

На фотографијата ja сподели зимската глетка со снег и покажа  каде точно ужива.

Познатата инфлуенсерка и водителка, Миа Костова на нејзиното стори  сподели од ноќната прошетка низ  Охрид кој и во студените денови е навистина убав и магичен.

Ракометниот голман Борко Ристовски заедно со семејството заминале во Златибор, а на кратката објава на Инстаграм сподели приватни  моменти од ресторанот, додека неговото синче Душан си играл со омилените играчки со ликовите на познатите стрип и филмски јунаци.

Пејачка Тамара Тодевска заминала на нејзината омилена дестинација Маврово, локација која често ја посетува и без некој поголем повод.

Таа го тагна хотелот каде што престојува, а потоа сподели и кој и прави друштво. Меѓу верните другарки и некои лица кои се надалеку познати, како топ моделот Катарина Ивановска, на пример!

Празничната, новогодишна атмосфера ја држи и ТВ водителката и инфлуенсерка Елена Најдоски, која  отпатува и прати поздрав од  Солун, Грција.

Таа позираше задоволно покрај  новогодишната елка и морето, а повеќе од сигурно е дека екс водителката квалитетно и перфектно  го поминува времето.

Фото: Printskrin/Instagram

To top