Радио Милева непознати сторители

Ограбена родната куќа на Тома Здравковиќ: Разбојниците го  уништиле имот и направиле голема материјална штета (фото) 

Ограбена родната куќа на Тома Здравковиќ: Разбојниците го  уништиле имот и направиле голема материјална штета (фото) 

Пред новогодишната ноќ ограбена е родната куќа на Тома Здравковиќ во селото Печеневце кај Лесковац.

Во пресрет на Нова година непознати сторители ја скршиле влезната капија, која потоа ја фрлиле во калта, пишува Телеграф.

Исто така, во оваа прилика го оштетиле и хидрофорот на бунарот, како и влезната врата од куќата.

Да потсетиме, минатата година почна реновирањето на куќата на Тома во селото Печеневце во Лесковац. Куќата била во лоша состојба, кога мештаните презеле иницијатива да го зачуваат овој објект и да спречат рушење на покривот.

Местото Печењевца и куќата на Тома Здравковиќ станаа атракција на овие простори.

Фото: Printskrin/YouTube

To top