Големите гради се синоним за сексапил, а многу дами го докажаа тоа. Сепак, голема моќ имаат и малите гради кои во денешно време некако почнаа да се потценуваат и ставаат во сенка од женската убавина.
Вештачкото дојде во прв план како да е природно, а пак оние секси дами со мали гради како да „останаа“ без женственост, што е далеку, далеку од вистина.
Еве и неколку примери зошто е тоа така: Мишел Фајфер со децении важи за една од најсексапилни жени, иако ретко открива деколте и има мали, но секси гради. Кога тие се откриени во некое подлабоко деколте, тоа изгледа и повеќе од заводливо и секси.

Амал Клуни исто така е привлечена жена која не се расфрла со деколте.

Тука е и модната дизајнерка Викторија Бекам која исто така важи за секс симбол, а кој и забележал што нема деколте?

Мила Јововиќ, светски секс-симбол, а и таа има мали гради.

И има уште многу да се наредат од Кејт Мос, Шакира, за Мадона веќе и да не зборуваме.

Затоа, вредностите некогаш изгледаат доста извретно, но некој мора и на тоа да потсети нели?