Радио Милева СРЕЌНА НОВА

Познатите Македонци со искрени желби Ви ја честитаат Новата 2024 година

Познатите Македонци со искрени желби Ви ја честитаат Новата 2024 година

На 2023 и кажавме чао и ја дочекавме 2024 година. Едни ја дочекаа во топлите домови без многу помпа, други во ресторан или на некое патување надвор од границите на Македонија, сепак сите едно исто посакуваме  да биде поуспешна во секој поглед од предходната.

По самиот крај на старата година јавните личности не дочекаа ниту  неколку минути после честитањето, веднаш ги земаа своите мобилни телефони и со желби за поубава следна година им ја честитаа на своите најблиски, следбеници и пријатели на социјалните мрежи.

Лила Филиповска

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

„Кога ќе ме праша некој по што ќе ја паметам оваа година , јас навистина не знам од каде да почнам.
Можеби со вдомувањето на нашиот нов член Мајло кому му го спасивме животот и сега ни го разубавува секојдневието со неговите палавштини и дружењето со Рагнар. Можеби по чистиот пет скен и мојата победа во битката со ракот, можеби по успешната професионална сезона, многуте патувања… и не, не дека немало и помалку убави моменти ама тие не заслужуваат простор во овој пост. И секако благодарност до сите оние кои на било кој начин учествувале во овие важни моменти за мене.

А вам драги мои ви посакувам убава и среќна година и Никој да не ви фали и ништо да не ве боли. Ваша Лила“.

Антониа Гиговска

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

„2023 можам да бидам само благодарна и на се она добро и на се она (не толку добро) што ми се случи … се изградив како личност карактер…научив да живеам со луѓето кои ги сакам и ме сакаат кога искрено ме слушаат кога сакакам да им кажам нешто и кога не ме оставиј акога ми беше најтешко баш би сакала да им кажам благодарам на оние кои што ми кажаа збогум зошто само така научив кои се вистинските оние кои што треба да бидат со мене, моја поддршка, мое рамо за плачење, оние што никогаш не би ме изневериле… Најубавото нешто што ми се случи и ја одбележа оваа година е мојот син, мојот Киан, мојот живот. Когаааа сме кај музика во новава година си посакувам многу песни, многу хитови (не мора хитови, доволно е да ги сакате и пеете) мноогу соработки. Си посакувам да сум здрава и жива, сите околу мене да се среќни, исполнети, насмеани…

Иииии на крај, во 2024 влегов со овој прекрасен фустан на @иваспасовскаателиер кој дефинитивно треба да биде знак дека ме чека НАЈДОБРА година, година за памтење, или како што би рекол мојот @лазарцветкоскии_лцв  “Шефче мое, ова ќе биде твоја година“ Живели мои! СРЕЌНА НОВА 2024 ГОДИНА“.

Снеже Велков

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

„Во 2024:
Бидете насмеани и со реални очекувања
Опуштени кога треба напнати кога тоа се бара
Културни и на ниво и тогаш кога на некого му кажувате каде му е местото
Бидете конкретни и во очекувањата и во барањата и во договарањата,да не биде после ама ја мислев…
Не туку мисли не се повикувај на етика пристојност или еснаф,стави си сè црно на бело,и плановите и идеите и ветувањата.Луѓе се тоа се расипуваат.
Да сме си на чисто!
Да си имаме саглам година и саглам луѓе во 2024!“

Марјана Станојковска

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

„Благодарна сум на сите работи кои ми се случија на професионален план, а секогаш благодарноста привлекува многу позитивни работи гледано во перспектива , па се надевам дека така ќе биде и во иднина.

Во Новата Година ќе посакам прво здравје, бидејќи тоа е најважно. Да сме сите на број и секој од нас да има свој свет со многу среќа, насмевки и емоции. Да ни донесе можност да ги оствариме нашите соништа и да уживаме во секој миг од животот.

Среќна Нова 2024 година“.

Каролина Гочева

„Денес е ден за убави мисли и желби. Ви посакувам година исполнета со љубов, среќа и здравје! “

Тамара Тодевска 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

„Ви посакувам година на остварени желби и соништа. Нека има повеќе љубов, насмевки и позитивна енергија за сите.

Бидете свои, сакајте се себе си, но не заборавајте ги оние кои се секогаш тука за Вас.

Од срце Ви посакувам среќна Нова 2024 и среќни празници.“

Мартин Филиповски

„Среќна нова живи здрави“.

Калиопи Букле

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

„Ако знаете да цените, почитувате, верувате и сакате, сте успеале да ја пронајдете главната формула за успешен почеток на Новата 2024 година! На тоа додадов уште нешто – да се уверам дека 2023 година ги понесе сите лоши работи со себе, и дека има надеж!

Среќна Нова година! Ве сака Калиопи“.

Фото: Printskrin/Instagram

 

 

Поврзани теми

To top