Турската серија „Љубовта на мојот живот“, уште на самиот почеток ги освои гледачите поради комичноста на ликовите, односно откаченото семејство на младата Ѓокче.
Меѓу нив се појавува и нејзината тетка Јонџа која во филмот игра улога на позната пејачка и сестра на нејзината мајка Резан. Но и во реалноста Јонџа е турска пејачка и актерка со голема кариера бројни снимени албуми и улоги во други филмови.
Јонџа има 54 години, но за својата возраст изгледа неверојатно добро, особено во бикини.
Јонџа Евчимик има студирано балет во Турција, а своевремено има работено и како агент за продажба на полиси во осигурителна компанија. По дипломирањето се концентрира на музиката и актерството кои ги работи до ден денес.
Интересно е тоа што во серијата „Љубовта на мојот живот“ го има истото име, односно се глуми самата себе.