Македонската Инфлуенсерка и пејачка Кристина Димитри на чекор пред Новата година се одлучи на промена и пред своите обожаватели ја покажа новата фризура, кoја всушност е враќање на старото.
Таа најпрво во нејзиниот автомобил направи „селфи“ фотографија за спомен пред да му каже „чао“ на постоечкиот изглед.
Потоа , преку социјалната мрежа Инстаграм на нејзините кратки приказни објави фотографии на кои се гледа што направила.
Имено, поранешната мисица е позната по тоа што редовно ги информира нејзините следбеници за активностите во нејзиниот живот, па ниту овој пат не направи исклучок и сето тоа веднаш го сподели со нив.
Пејачката се воодушевила од потемната нијанса и на тоа како сега изгледа, па следеа фотографии на кои го покажа својот „нов“ имиџ.
„ Во љубов со мојата нова коса“ – напишала таа, откако го тагна и нејзиниот фризер.
Кристина се пофали со новата боја на косата со што многумина остави во прашалници, што е тука ново, кога многу повеќе личи на враќање на старото.
Иако изгледа секси, имиџот на „фатална црнка“ е далеку од нов.
Зашто расната тетовка не така оддамна, кога започна за прв пат да пее по клубови и кафулиња, пред да се преобрази во русокоса, веќе беше црнка.
Фото: Printskrin/Instagram/kristina.dimitry