Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ заедно со својот сопруг Немања Гудељ замина на романтично патување во Дубаи.
Анастасија во Дубаи ја сретнала и поранешната девојка на нејзиниот брат Вељко, Ана Рајковиќ, со која се сликала за време на забавата.
Девојките го искористиле одморот за да уживаат во шармот на ноќниот живот, а тоа го овековечија и со фотографија.
Ана Рајковиќ беше во врска со Вељко Ражнатовиќ, кој денес има семејство со сопругата Богдана Ражнатовиќ. Богдана моментално е во блажена состојба и го чека својот трет син Илјан, додека претходно ги доби наследниците Жељко и Крстан.
Ана Рајковиќ се омажи за голманот Предраг Рајковиќ, со кого ги доби наследниците Реља и Тадиј.
Инаку, пејачката Анастасија Ражнатовиќ мина неколку дена во Србија за славата Свети Никола. Сепак, на дружењето со најблиските пријатели му дојде крајот, па младата музичка ѕвезда отпатува за Дубаи.
Фото: Printskrn/Instagram/