Ѓорѓе Дејвид проговори и откри дека знаел сè за потфатот на Марија Шерифовиќ и постапката за добивање син, но дека тоа го чувал во тајност бидејќи биле пријатели.
– Не ме изненади оваа добра вест бидејќи тоа што го кажуваме во жирито е речиси како заклетва. Сите знаеме кој каков проблем, желба, стремеж има и тоа останува во жирито. Она што се случува во Лас Вегас останува во Лас Вегас – изјави Ѓорѓе.
View this post on Instagram
– Сега веќе е приказна за која отворено можеме да кажеме дека Мара размислувала и работи долго време. Таа потроши огромна количина на енергија, нерви, здравје и сон за да го постигне она што е можеби нејзиниот најголем резултат во животот, како што и реков. Ако беше фантастична до сега, сега ќе биде двојно пофантастична. Но, во сè: и приватно, на микрофон, како пријател, како член на жирито и како ментор. Зборувам од лично искуство, и таа и јас сме Скорпии. Мислев дека ги немам тие работи во мене додека не ја добив Сташа. Затоа и со нетрпение чекам кога некоја од овие работи ќе дојде до израз и кај Марија. Очекувам дека ќе блеска во сите домени од животот – изјави Ѓорѓе.
фото: Instagram printscreen/ djordje_david