Радио Милева мешај,мешај

Водителките западнаа во празнично расположение: Александра и Милена ги нишаа колковите пред новогодишната елка, па продолжија и во кафеана (фото)

Водителките западнаа во празнично расположение: Александра и Милена ги нишаа колковите пред новогодишната елка, па продолжија и во кафеана (фото)

Водителките на утринската емисија на  Канал 5 телевизија, Милена Антовска Станковска и Александра Илиевска Пановска се повеќе од активни на социјалните мрежи, а своите следбеници често ги информират за сите активности и новитети.

Тие две неодамна се споија и видно расположени застанаа пред новогодишната елка во студиото додека беа на работа и направија хаос со нивниот весел танц.

Милена вниманието го привлече со ултра кусиот „минич “ со кој во преден план ги истакна долгите нозе и ги покажа танцувачките вештини.

Александра пак во светкав комплет со истото темпо заводливо нишаше со колковите, врцкајќи се додека клекнуваше до земја насмеана до уши.

Дека не им недостасуваат енергијата и стилот за да го истакнат најдоброто од себе докажаа и сега со видеото кое го постираа на социјалните мрежи.

За да биде целосно празничното расположение Милена го надополни и со чаша црвено вино која црвсто ја држеше во раката додека се забавуваа.

Но ова беше само загревање, а новогодишната еуфорија заедно со колегите ја продолжија во една скопска кафеана, како што е редот и како што прават сите периодов пред Нова година.

И таму пееја и задоволно се смееја  за убав крај и во добро расположение да ја започнат Новата 2024 година.

Фото: Printskrin/Instgaram/aleksandra_panovska_ilievska/milena_antovska

 

To top