Мегафон

Општина Прилеп и Слоу Фуд Прилеп организираат „Новогодишен базар“ во центарот на градот

Општина Прилеп и Слоу Фуд Прилеп организираат „Новогодишен базар“ во центарот на градот

Општина Прилеп, годинава за прв пат ќе се организира Новогодишен базар на Платото кај Градскиот саат.

Организацијата на овој настан е во соработка со здружението Слоу Фуд Прилеп, чии членови ќе им подготват на прилепчани многу разновидни производи, направени од вредните раце на малите локални производители.

28-ми, 29-ти и 30-ти декември се деновите кога Новогодишниот базар во Прилеп ќе функционира и барем за момент ќе се долови новогодишната еуфорија и магија во градот. Организаторите ветуваат пријатна атмосфера, каде што ќе се ужива во убаво расположение, добра музика, вкусна храна, греано вино, моменти на смеа и забава, празнично дарување и создавање на спомени што засекогаш ќе се чуваат.

„Во овие три ден со почеток од 11:00-15:00 часот, на Новогодишниот базар, ќе има различни музички, забавни, гастрономски и други содржини и изненадувања за сите генерации”, велат организаторите.

Кога станува збор за музичко-забавната програма, прилепчани а и сите присутни ќе ги забавуваат следните изведувачи:

Програма:

Четврток 28.12.2023 година

  • 11 часот Oldschool Selector – Christmas party
  • 12 часот Оркестар „Трио Гранде” – староградска музика
  • 13 часот Женски камерен хор „Керамија“
  • 14 часот Oldschool Selector – Чалгија во стара чаршија

Петок 29.12.2023 година

  • 11 часот Забава за деца со кловнот Лили
  • 12 часот Оркестар „Трио Гранде” – староградска музика
  • 13 часот „Acoustic Trio” – Македонски евергрини
  • 14 часот DJ Chatle – Македонски антологиски времеплов

Сабота 30.12.2023 година

  • 11 часот Забава за деца со кловнот Лили
  • 12 часот DJ Chatle – Македонски антологиски времеплов
  • 13 часот Оркестар „Трио Гранде” – староградска музика
  • 14 часот Иги Бок – Македонски рок
To top