Се уште трае судскиот процес меѓу Наташа Беквалац и Лука Лазукиќ против кого е поднесена тужба за физичко насилство врз пејачката.
Изгледа дека за Ната не е крај за љубовта, па таа веќе добива нови понуди. Имено, пејачката по двомесечна пауза, повторно се врати на музичката сцена и со своите настапи.
Викендов таа настапуваше на еден сплав, каде што доби едно писмо од личност која тврди дека не е било кој и дека ќе ја чува.
„Моја убава Наташа. Вечерва дојдов од Виена само поради тебе. Дојдов од Виена, но немам храброст да ти се приближам. Ти си силна жена. Ти си универзум, сонце, месец, облаци. Силна си жена и ти се восхитувам. Од музиката немаше да ме слушнеш, затоа ти го напишав ова писмо. Знам дека ќе реагираш. Ќе ти го оставам мојот борј и ќе чекам. Јас ќе те зашитам. Ќе те чувам и ќе те сакам, ветувам, пишува во писмото пренесува Курир.
Фанот го остави и бројот на телефон, а од другата страна во срце напиша Иван, јас не сум било кој. Останува да видиме како Наташа ќе реагира на ова.