Марија Луиса Тодоровска не жива ако не ја разбранува јавноста преку социјалните мрежи. Некогаш чисто онака за да побуди поголем интерес за себе, некогаш од досада, а понекогаш со добра причина… Иако една стара естрадна поговорка вели: „За покојникот и конкуренцијата се најдобро“, можеби и не е најдобро да им премолчиш нешто што те иритира. А на Марија Луиса која очигледноима „краток фитил“, толку и треба. Мала провокација и следува „експлозија“!
Она што овој пат и го „потпали фитилот“ беа објавите на некои од колегите и колешките на социјалните мрежи дека локалите каде што тие ќе настапуваат за предновогодишните празници се распродадени. Sold out – повеќе нема празно место!
Ваквите објави ја „извадија од штикли“ битолчанката со скопска работна адреса и престој, па им напиша еден олкав ферман на своите Инстаграм приказни, обраќајќи им се дека се смешни со своите објави за „распродажбата“ во декември, месец кога сите локали со или без нив ионака ќе бидат секако распродадени, заради бројните поединечни или колективни прослави, еуфоријата пред новогодишните празници, опуштањето пред крајот на годината, па и традицијата…
Патем, Марија Луиса ги предизвика на мегдан, на своевиден естраден двобој, да видиме дали ќе се пофалат на пример во месец март, таму кај што ќе пеат дали ќе биде распродадено?
Остана малку нејасно што сакаше да каже пејачката со она приватна забава на 35-ти декември? Го промаши датумот или непостоечката бројка има друга симболика, знае само Марија со нејзината логика?! Сите други знаат кој/а кога, каде и колку пее… Единствено не се знае кој(а) за колку?
View this post on Instagram
А, во врска претходниот муабет, Марија Луиса е убедена дека е сто насто во право… Па, кој сака нека се лути… Нејзе „тезгата и цути“!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/luisa.todorovska