Милена Ќераниќ работи многу, но како што вели, не и се случувало често да и е непријатно на настапи. Сепак, една прослава ќе ја памети засекогаш. Пејачката раскажала и дека имала непријатност која до ден денес не може да ја заборави.
„Бев заштитена како поларна мечка, никој не можеше да ми пријде. Се сеќавам дека на една свадба имаше една анегдота кога сакав да удавам човек. Не сакам кога постари луѓе ми се нафрлаат, како стари перверзни. Цело време се држев настрана, а тој почна да ми приоѓа се поблизу и поблизу, гледам дека е пијан и во еден момент доаѓа до мене и ми вели:
„Сега ќе те силувам“! Го фатив за вратоврската, стотинки беа во прашање, го грабнав и му реков: „Ако не се тргнеш од мене, се ќе те растргнам, копиле“. Мислам дека се отрезни во секунда“ – вели Ќераниќ и открива како пејачот на Тропико на ваквата ситуација изреагирал.
Во тој момент Сале дојде кај мене и ме праша што е проблемот, а јас му реков – ништо. Тешко е кога мажите ќе се замешаат затоа што тогаш обично избива тепачка“, рече Милена.
Фото: Инстаграм/ceranicmilena