Новогодишната еуфорија и празничната атмосфера веројатно се најубавиот период од годината, а елката, светилките и новогодишни украси се она што даваат посебна весела нота во домовите на сите нас.
Годинава за ТВ водителката и инфлуенсерка Елена Најдоски беше исполнета со многу патувања со многу стил и елеганција нешто кон што таа отсекогаш се стреми. Куферите кај неа беа редовно подготени, а заедно со сопругот уживаа на различни егзотични дестинации.
Но, очигледно е дека сега Елена Најдоски се потрудила да ја внесе празнична магија и во својот дом, па во наредните денови ќе ужива со сопругот и своите најблиски.
Таа преку својот Инстаграм како и сите јавни личности се пофали како изгледа. Елена одлучила да го сними целиот процесот на украсување па, покажа и за какви украси се одлучила годинава.
Конечно, лампионите со форми, златна боја и светкави циркони се правиот избор за неа, а единствено што го додала се украсите и подароците.
Имено, нејзината елка е од подот до плафонот за која Елена се потруди ништо да не пропушти, па на крај се покажа повеќе од совршено.
Нема сомнеж дека Елена внимавала на секој детаљ и немала потреба од професионален декоратор, бидејќи таа самата знае како се да оди во најдобар ред. Па, нека светка.
Фото: Инстаграм/ elena_zivotsostil