По бројните неуспешни романтични врски, пејачката и актерка Селена Гомез ја најде среќата покрај продуцентот Бени Бланко, пријател и соработник на нејзиното поранешно момче Џастин Бибер.
Според медиумите, парот е во романтична врска шест месеци, а Селена врската ја потврди јавно.
– Селена Гомез навидум потврдува дека е во врска – гласеше натписот на фан страницата Popfaction , а пејачката одговори со: „Факт“.
Таа, исто така, и се допадна фотографија од фан-страница на која пишува: „Се шпекулира дека Селена Гомез излегува со продуцентот Бени Бланко“.
Во еден коментар таа истакна дека Бени и е „апсолутно се“.
– Сè уште е подобар од сите со кои сум била. Факт – додала таа.
– Со мене се однесуваше подобро од кое било човечко суштество на планетата – напишала младата ѕвезда во друга објава.
Сепак, Селена немала поим дека фановите ќе ја нападнат поради нејзината сегашна врска, а колку е изненадена покажува и фактот што во коментарите се „скарала“ со фановите.
View this post on Instagram
Некои обожаватели тврдат дека Бени не е најдобриот избор за неа и дека воопшто не одат заедно, што ја повреди пејачката, а таа на своите фанови им порача:
– Тие што ме сакаат никогаш не би напишале вакво нешто. Тој е мојот избор и јас сум посреќна од било кога.
Фото: Принтскрин/Instagram/selenagomez