Радио Милева шоуто само што започна

Лила годината ја заврши со нова љубов и предизвици какви досега немала: „Господ напомош“ (фото)

Лила годината ја заврши со нова љубов и предизвици какви досега немала: „Господ напомош“ (фото)

Новогодишните елки во домот украсени, а празничниот дух се трудиме секој на свој начин да си го донесеме во домот и во срцето.

Секој со своите желби за поубаво денес и утре, па здрави, живи, помудри и поискусни да преминме кон Новата 2024 година.

За Лила Филиповска изминатата беше тешка, но и победничка година.

Таа се избори со опаката болест, проговори јавно за се’ што доживеа од премрежјата со ракот на дојка, а откако успешно ја тргна тежината од себе, се препушти на животот каков што секогаш умеела да го живее, само овој пат уште послатко од преходно и со уште поширока насмевка за новото утре.

Во своите јавни излагања за болеста спомена и дека најголемиот лек во излекувањето на тешката состојба било нејзиното домашно милениче- мачорот Рагнар.

Лила тогаш прати моќна порака колку се важни домашните миленици, а во случајов мачките за луѓето и во добро, но и кога ни е најтешко.

Поучена од искуство, Лила за крај на 2023 година се реши за еден важен чекор, да добие дупла доза од лекот наречен мачешка љубов.

Лила се реши да вдоми уште едно маче, џинџер младо мачорче кое е во фаза кога штотуку накитената елка во домот му е најинтересна за играње.

Рагнар веќе мора да направи простор од својата бележана територија, особено кај газдарицата која веќе му даде простор на новиот миленик и тоа во спалната.

Портокаловиот крзнен убавец се вика Мајло и од старт е привилигиран да и спие на градите на Лила, да и преде и да и праќа позитивни вибрации.

Периодот на адаптација со две мачки сигурно ќе потрае, а за згодите и незгодите од овој голем предизвик веруваме дека допрва ќе гледаме од „стори“ објавите на Лила која веќе си знае дека и треба „Господ напомош!“

фото: Instagram printskrin/ lilafilipovska

To top