На Изборот за песна на Евровизија 2024 година во Малме, Шведска Македонија нема да учествува, што е втора година без наш претставник на ова музичко натпреварување.
На најголемиот светски музички настан во живо, што ќе се одржи во овој шведски град, во мај следната година, а учеството го потврдија јавните радиодифузери од 37 земји.
„Со длабока тага потврдуваме дека Македонија ќе отсуствува од Изборот за песна на Евровизија втора година по ред. Со среќа на сите 37 земји кои се натпреваруваат и со нетрпение го очекуваме големото шоу во Малме“ – објави македонскиот Фан сајт за изборот на песна на Евровизија на платформата Х.
Од Македонската Радио Телевизија се’ уште нема официјално соопштение во врска со нашето неучество на Евровизија следната година, но неофицијално добивме потврда дека веста е точна. Впрочем објавена е и од страна на ЕБУ. Се надеваме дека наскоро ќе ги слушнеме причините за оваа одлука.
Од земјите од регионот, учество потврдиле Албанија, Хрватска, Грција, Србија и Словенија.