Мегафон Седум претстави до 24-ти јуни

Почнува Меѓународниот театарски фестивал на комедијата „Гола Месечина – 2018“

Почнува Меѓународниот театарски фестивал на комедијата „Гола Месечина – 2018“

Со урнебесната повеќенаградувана босанска претстава „Једваносимсобоакамоломистобо“ од Нејра Бабиќ и Алеш Курт, вечерва на сцената на театар Комедија денес (18.06) ќе биде отворен меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“.

Фестивалот традиционално се одржува на отворена сцена во спортскиот центар „Ново Лисиче“ но поради временските услови отворањето е поместено на сценатата на театарот.

Во наредните денови до 24 јуни ќе бидат изведени седум претстави од кои 4 од Македонија и 3 од Босна и Херцеговина и Србија. Организаторите на фестивалот најавуваат дека секојдневно ќе известуваат зависно од временските услови дали публиката ќе може да ги погледне претставите во театарот Комедија или пак во спорсткиот центар.

Овој фестивал традиционално се одржува во соработка со општината Аеродром која годинава издвоиле еден милион денари за негова поддршка. Градоначалникот Зоран Марин на денешната прес конференција изјави дека ова е уникатна можност за сите љубители на театарот да проследат квалитетни претстави од македонската и меѓународната сцена.

Фестивалот „Гола Месечина“ игра важна улога во развојот на културниот живот во Општна Аеродром. Ги поканувам ситее граѓани вечерва заедно да го отвориме фестивалот и да ја проследиме овогодишната програма. Влезот за сите претстави ќе биде бесплатен, а фестивалот ќе има натпрееварувачки карактер, со тричлено жири“, изјави Марин.

Претставите ќе се играат секој ден од 21 часот. Покрај претставата за отворањето публиката во следните денови ќе има можност да ги погледне „Синиот портокал“ од Џо Пенхол на тетарот „Џинот“ од Велес, „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ на народниот театар Ниш, од Србија, „Умри машки“ на Народниот театар од Штип, „Кидај из моје кухиње“ на Шабачки театар, Србија, „Дванаесеттата ноќспроти Водици“ на Народен театар „Антон Панов“ од Струмица и „Тоби“ ( претстава за деца) на театарот за деца и младинци од Скопје. По оваа претстава ќе следи и стендап -комедија со Марјан Ѓорѓиевски.

извор:точка.мк

To top