Атрактивната пејачка Теа Таировиќ ги сумирала впечатоците од неодамнешниот концерт на Александра Пријовиќ во Арена Загреб, каде што настапи како специјална гостинка.
Таа гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ, а по тој повод зборуваше за концертот на Александра Пријовиќ во Загреб, каде што беше специјална гостинка, на задоволство на публиката.
– Убаво, полна сум со впечатоци од Загреб, фантастичен концерт, а кога се симнав од сцената одлично се забавував. Поздрав до Прија. Тоа се некои планови за мојата Арена за следната година, но дотогаш не сакам да зборувам – изјави Теа во емисијата.
Да потсетиме, на третиот од трите распродадени концерти на Александра Пријовиќ гостуваше и Теа Таировиќ.
Колешките но и добри пријателки заедно ја изведоа песната „Будало“, по што новосаѓанката ги изведе своите хитови „Хајде“ и „Само на една ноќ“.
Фото: Принтскрин/Instagram/tea_tairovic