Живееме брз и стресен живот со многу обврски и постојан притисок за изнаоѓање на решение од проблемите кои често ни се отежнати при отстранување на препреките.
Стресот, многуте обврски и големата потреба од неодложна исполнителност, резултира со физички замор и прихолошка исцрпеност. Сепак, трезвени и со ладни глави треба да продолжиме и да туркаме понатаму, а за да се дојде дотаму потребен е издувен вентил и канализирање на енергија кон нешта кои не ослободуваат и ни прават да се чувствуваме подобро.
Новинарката и ТВ водителка Анастасија Богдановска Илиевска редовно знае да покаже како го минува своето секојдневие кога не е на работна позиција пред камерите.
Приоритет секако се нејзините дечиња Дениција и Раде околу кои се врти нејзиниот свет.
Секој од нас знае што е она кое најдобро го смирува и релаксира, особено кога стресот е изразен, а Деа излезот го бара во креативноста, односно цртањето.
Во овие стресни денови таа реши да црта на стакло, односно да направи необична и уникатна новогодишна декорација.
Започна да црта и им најави на следбениците да продолжат да гледаат до крајниот резултат кој излезе магичен.
Ова го гледаа Дениција и Раде, па и тие се фатија за работа, односно почнаа да ја копираат мама или барем да се обидат.
Работа за подоцна сигурно и отворија, но сатисфакцијата веќе беше постигната.
Сосема доволна за насмевка и апсорпција на позитивна енергија и чисти мисли.
фото:Instagram printskreen/ anastasiia_dea