Често зборуваме за псевдоними и уметнички имиња на јавни личности, а ова е едно од нив за кое долго време не знаевме дека не е вистинското.
Имено, Миле Китиќ, кој се здоби со популарност пред повеќе од четири децении, а само пред неколку години го откри своето вистинско име.
„Моето вистинско име е Милојко“, изјави поранешниот член на Јужен Ветер во една телевизиска емисија и ги изненади сите.
Миле Китиќ е роден во 1952 година во околината на Дервента, а неговите родители сакале тој да има традиционално име, но, очигледно затоа што проценил дека подобро ќе се снајде на сцената, уште на младоста почнал да се претставува како Миле, а тоа така остана до денес.
Фото: Принтскрин/milekitic