Иако не сме сите вешти во готвењето или немаме желба да готвиме, понекогаш знаеме да се најдеме во кујна и да зготвиме нешто.
Додека секој ден Александра Илиевска може да ја видиме во кулинарското шоу „Брза кујна“, нејзината колешка Лила Филиповска многу ретко, речиси никогаш може да ја видиме во вакво издание.
Сепак, овој пат таа направи исклучок. За прилика на снимање на една реклама, Лила се најде во кујната во улога на домаќинка, но поради мало невнимание за малку не предизвика пожар.
Лила на Инстаграм сподели како изгледаше дека додека ја снимаше рекламата, а во описот на фотографиите напиша: Ја запалив кујната, а нејзините соработници и порачаа „ќе ја запалиш“.
Секако, тоа не беше ништо сериозно, па снимањето заврши во најдобар ред, а Лила се покажа како професионалец.
фото: принтскрин/инстаграм