Радио Милева „зачинувач“ во “пич армијата“

Откако упадна првиот маж во „женската армија“ на Ана Стојанова, фитнес инструкторката смени мислење: Не е баш се’ лага во позадина, особено ако зад секоја успешна жена стои… „високопотентен“ маж! (ФОТО)

Откако упадна првиот маж во „женската армија“ на Ана Стојанова, фитнес инструкторката смени мислење: Не е баш се’ лага во позадина, особено ако зад секоја успешна жена стои… „високопотентен“ маж! (ФОТО)

Една од најпознатите и најекспонирани македонски фитнес инструкторки и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова не престанува со своите патувања и изненадувања, кои сесрдно ги споделува на социјалните мрежи.

Од егзотичните дестинаии на кои летово патуваше, Ана со одбрана „мешовита машко-женска“ екипа одново тркна  до Белград.

Овој пат на еден од концертите на Дино – Мерлин, каде ана и екипата и тоа како добро се забавуваа…

И пред и за време, а и по завршувањето на концертот. Нормално,  во забавата предничеше лидерката на „пичис (peaches) армијата“ како што себеси се нарекуваат веселите фитнес „праскички“ на Ана Стојанова.

Мерлин има навистина незаборавни хитови и рефрени чии стихови гаѓаат директно во срцето, а кога песната ќе те погоди, расположението кој знае до каде може да оди, во кој правец и која насока…?

Така, овекуваечувајќи ги моментите со фотографии и видеа, Ана Стојанова погодена од песната, споделила една слика која доби чудна конотација. Таа и пријателката напред, а зад неа нејзината посилна половина и останатиот дел  од машката екипа… Арно ама, песната на Мерлин што оди во позодина вели „Се е лага“ (Све је лаж), а инструкторката уште тоа и со испишани букви го потенцирала: „Све је лаж –  во позадина“!

Е сега на која позадина Ана мислела, е друга работа! На песната што се врти во позадина, или на машката екипа на сликата зад неа, како што некако на прв поглед се подразбира, не ќе да е баш така, зашто не помина долго, откако атрактивната  фитнес инструкторка самата си се демантираше.

Имено, во „женската пич армија“ се вмеша маж! И тоа наменски, намерно донесен токму од Ана!

За да и ја „зачини“… тренинг програмата на фитнес дамата и останатите нејзини „праскички“! Потег со кој фразата од фотографијата дека „се’ е лага во позадина“ – паѓа во вода!

Впрочем, ако отсекогаш важело дека зад секој успешен маж, стои успешна жена, веројатно е и обратно: Зад секоја успешна жена мора да стои и… „високопотентен“ маж… За да ја „зачини“ ситуацијата!

Дали е ова така или само уште една „лага во позадина“ ќе покажат наскоро резултатите… на „пич армијата“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Фото: Instagram/annstojanova

To top