ТВ водителката Снеже Велков неодамна ја почна новата сеозна од емисијата „Нешто конкретно“ каде секогаш има интересни теми и провокативни прашања за гостите. Во едно од најновите изданија на гости и беа Тони Михајловски, Нина Јенева, Димитар Атанатовски и Кристина Димитри.
„Нешто конкретно“ нема да биде оригинално ако се’ се темели на она очекуваното што може да се слушне, туку напротив, посебно е затоа што таму го има неочекувањето, а започнува од прашањата на Снеже како она во случајот до Нина и Тони:
-Кога сме кај кавгата да го расчистиме муабетот. Нина и Тони не се скарани нели?
Одговор следеше како од пушка, и тоа од Нина:
-Никад не сме биле, на што се надоврза со истиот одговор и Тони.
-Зошто мислат дека сте скарани?- не се задоволи Снеже со кусиот одговор.
-Заради финтата во „Опуштено“. Ама ми се свиѓа што сме уште актуелни, додава Јанева, а пак Тони како и секогаш со својот оригинален хумор ја заврши темата.
-Во меѓувреме не направија нова Нина.
View this post on Instagram
Поради тоа што нема нова Нина, истото или барем слично шоу на „Опуштено“, го има „Нешто конкретно“ за да не потсети и секако да покаже како стојат нештата.
Во случајот од кавга нема ниту К, туку доблест како база за да се пошегуваш или насмееш и на сопствена сметка.
фото:Instagram printskreen/nestokonkretno1
видео: You Tube