Радио Милева општ хаос

„Ти не си селјак, ти си глупак“: Снежана Ѓуришиќ го урниса Саша Поповиќ, а еден коментар го разбесни целото жири  (фото)

„Ти не си селјак, ти си глупак“: Снежана Ѓуришиќ го урниса Саша Поповиќ, а  еден коментар го разбесни целото жири  (фото)

Во емисијата „Ѕвездите на Гранд“ често има конфликти на мислења меѓу членовите на жирито, а нивните расправии понекогаш знаат да бидат толку жестоки.

Овој пат се судрија Снежана Ѓуришиќ и Саша Поповиќ, а во нивната дискусија се вмеша и Ана Бекута.

Додека Марија Шерифовиќ ги коментираше натпреварувачите и го оценуваше нивниот настап, Вики Миљковиќ се расплака.

– Ајде вклучи ме малку – му се пожали Виолета на Саша Поповиќ, а нејзиниот коментар ја изреволтира Мара.

Ајде, запали го кокошарникот! Ајде, запали го!- дофрли Шерифовиќ.

Сепак, вистинската бура во студиото се создаде кога Саша Поповиќ со свои коментари околу килограмите ја изреволтира Снежана Ѓуришиќ, што, мора да признаете, навистина ретко се случува.

– Признавам дека сум селјак – рече Саша.

– Не, ти не си селјак, ти си глупак. Кој си ти јавно да ни ги спомнуваш килограмите?!- му  лупна Снежана.

Во дискусијата се вклучи и Ана Бекута која гордо ги покажа своите облини.

– Ја бирам меѓу з*дникот и лицето – рече Ана и ги  насмеа сите до солзи.

Сепак, на Поповиќ  и понатаму сè уште не му беше јасно зошто членовите на жирито биле навредени.

– Па зошто ти и Снежана не тргнете по мојот пат?! – кажа директорот , додека Снежана тврдеше дека нејзиниот емотивен партнер ги сака нејзините облини.

Во дискусијата се вклучи и Светлана Ражнатовиќ, која како и секогаш застана на страната на жената.

– Па, жените си ги сакаат облините, што си запнал?! – му рекла Цеца.

Фото: Принтскрин/Инстгарам/Ѕвездите на Гранд

To top