Александра Пријовиќ откако се појави на музичката сцена може само да се пофали со успеси и добри песни. Од младите „Ѕвезди на Гранд“ таа успеа да направи солидна кариера, а секоја нејзина нова песна е добро прифатена од публиката.
Освен на музички, на Александра и оди и на приватен план. Наскоро, таа ќе заплива во брачните води со Филип Живојиновиќ.
Но, сепак ќе и недостига само една личност за да биде потполна среќна на овој важен ден. Нејзиниот дедо Бора Михајловиќ е во дом за стари лица, а на пејачката и е криво затоа што најверовотано нема да присуствува на венчавката.
– Размислуваме да го доведеме и цело време да има некој со него. Барем на кратко, па нека оди да спие. Тој со здравјето е добро, но е дементен, од време на време може да заборави на мене и на сите до домот, вели Пријовиќ.
Неколку дена пред свадбата Александра го посети нејзиниот дедо во Бели Манастир од каде што потекнува и објави фотографија со него.
– Дедичко мој, напиша Прија.
фото:глориа