Мегафон

Нашата гимнастичарка Илина Соколовска освои три сребра во натпреварите во Бундес лигата

Нашата гимнастичарка Илина Соколовска освои три сребра во натпреварите во Бундес лигата

Нашата гимнастичарка Илина Соколовска освои три сребра во натпреварите во Бундес лигата!
Овие три медали ќе ја красат витрината и на Илина и на нејзиниот клуб со останатите злата, сребра и бронзи што таа ги освои колку што се занимава со ритмичка гимнастика дома и во странство.
Последните три натпревари од Бундес се одржаа во Дизелдорф, Берлин, а финалето во Бремен.

Се натпреварував екипно, како дел од мојот тим Гутерсло-Билефелд, каде што сум еден од лидерите на тимот, тоа го кажаа и тренерите, а пред извесно време беше објавено во германските весници. Тоа значи дека од мене очекуваат да го превземам товарот на тимот, а тоа и се случи на првите два натпревари во Дизелдорф и Берлин. Речиси сам освоив една третина од бодовите, што ни овозможи да стигнеме до финалето во Бундеслига. Ова ми е втор пат по ред да се натпреварувам во финале што е голем успех за мене, вели Илина.

Овој голем успех на Илина, која со македонски пасош ги брани боите на Германија не е лесен, бидејќи листата на Германија со гимнастичарки од година во година е посилен, особено по војната во Украина.

Еднаш кажав дека лигата во Германија е се посилна од година во година поради кризата во Украина. Многу гимнастичари поради состојбата во нивната земја настапуваат во германските гимнастички клубови, а има репрезентативци од Италија, Романија и секако од Германија. Тука ќе ја споменам петкратната репрезентативка, шампионка во гимнастика, Дарија која доаѓа од Русија, но и уште неколку гимнастичарки од Бугарија, кои се и светски шампиони во групна ритмичка гимнастика. Ѐ затоа, пак, ќе кажам дека моментално Бундеслигата е една од најдобрите и елитни гимнастичари во светот, додава таа.

Илина пред неколку месеци за прв пат ја претстави и Македонија на европски натпревари. Во иднина, пак, ќе ја претставува Македонија во Естонија во градот Тарту, каде што се одржува еден од најпознатите традиционални натпревари во ритмичка гимнастика.

Горда сум што и на меѓународно ниво ја претставувам мојата Македонија и ќе ја претставувам и свесна сум дека ќе морам да се натпреварувам со овие елити кои се неколку чекори пред нас. Ние во Македонија сме нова Федерација, има само две гимнастичарки, но желба да ја претставуваме нашата земја е голема. Сепак, наидуваме на огромни проблеми во Федерацијата во Македонија, а последните шест месеци се подготвуваме за Европското првенство и меѓународните натпревари во зима низ Европа. Сакам со спортско срце да порачам да не се дозволи проблемите да продолжат, бидејќи сакаме да се натпреваруваме под боите на нашето знаме. Јас лично се радувам кога настапува, за татковината и секогаш ќе ја претставувам Македонија и ќе кажувам дека сум Македонка. И на натпреварите во Германија јас со гордост кажувам дека сум Македоника, затоа што ја сакам Македонија. Иако сум родена и живеам во Германија во моето срце секогаш е Македонија, вели Илина.

To top