Српската фудбалска репрезентација по 24 години пауза се пласираше на ЕП, а пејачката Анастасија Ражнатовиќ редовно ги следи фудбалските случувања, особено затоа што е вљубена во фудбалерот Немања Гудељ.
Таа го поддржува речиси на секој натпревар, а сега особено се радуваше поради успесите на фудбалерите, чија игра со внимание ја следела.
По пласманот таа веднаш објави фотографијата од Гудељ.
– Љубов моја – напиша Анастасија и додаде емотикони од срце.
– Навиваме од кола! Одиме! – напишала Цеца во својата прва објава на Инстаграм.
– Фала ти Боже! – изјави Цеца потоа, откако репрезентацијата на Србија обезбеди пат на Европското првенство.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ/Анастасија Гудељ