Радио Милева

„Не може баба, нема доволно пари“: Маја Оџаклиеска прозбори за внукот кој има аутизам!

„Не може баба, нема доволно пари“: Маја Оџаклиеска прозбори за внукот кој има аутизам!

Пејачката Маја Оџаклиеска пред 15 години престана да пее, а сега само се појавува во некои емисии. Потполно е посветена на семејството, првенствено на нејзиниот осумгодишен внук на кој пред пет години му е дијагностициран аутизам.

Маја призна дека во моментот кога дознала дека нејзиниот внук има аутизам, целиот свет и се срушил над глава.

фото:промо

„Бесна сум на целиот свет бидејќи знам дека мојата ќерка роди здрави дете. Неговата душа многу претрпе. На секој од нас нешто ни смета, а на него можеби ќе му засмета лаење на куче. Тоа е индивидуална работа, а секое дете со аутизам си има свет за себе, има некој проблем, изјави Маја.

фото:принтскрин

Таа потенцираше дека не може многу да му пружи на внукот бидејќи нема доволно пари.

„Не можам многу да му пружам бидејќи имам мала пензија, но тој ме разбира. Ќе му речам: Не може баба, нема доволно пари, а тој молчи. Не е бесно дете кое сака да биде се по негово, искрена е Маја.

To top