Радио Милева реткост

Познатата актерка призна дека сѐ уште е девица, а откри и зошто – со нејзината исповед водителката ја остави во шок (видео) 

Познатата актерка призна дека сѐ уште е девица, а откри и зошто – со нејзината исповед водителката ја остави во шок (видео) 

Американско-нигериската актерка и комичарка Ивон Орџи (39), позната по улогата на Моли Картер во серијата „Несигурни“, во подкастот „Драга Челзи“ на Челзи Хендлер откри дека сѐ уште е девица.

– Уште си девица? – праша водителката, на што Ивон кратко одговори:

– Да, сум- потврди актерката.

– Ова е најоригиналниот гостин што сме го имале досега – низ смеа изјави водителката Челзи и ја праша Ивон колку години има.

– О Боже, таа брана еден ден ќе се скрши – рекла Моли.

– Сексуалната кулминација ќе ја достигнете кога ќе започнете со врски, па да, веројатно ќе ви требаат неколку мажи – и порачала Челзи, а нивниот разговор можете да го слушнете во видеото подолу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chelsea Handler (@chelseahandler)

Ивон и претходно јавно проговори за тоа, нагласувајќи дека нема да има однос пред брак.

– Луѓето прашуваат за тоа затоа што се љубопитни или можеби не разбираат. Како воопшто ќе разберат ако не зборувам за тоа? Секој на некој начин создава свои мислења за тоа – изјави еднаш познатата актерка.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб

To top