Радио Милева „фитнес кумата“ во Лувр...

Ана Стојанова ја засени и Мона Лиза… или барем така си помисли: „Во соба полна уметност се’ уште зјапам во тебе“ (ВИДЕО)

Ана Стојанова ја засени и Мона Лиза… или барем така си помисли: „Во соба полна уметност се’ уште зјапам во тебе“ (ВИДЕО)

Нова сезона – нова програма. Летните предизвици за неа и нејзината „Пич ( праскички) армија“ завршија, ама најпознатата фитнес инструкторка тука не застанува. Есенско-зимската понуда е веќе подготвена, а кога  расната Ана Стојанова нешто ќе ви понуди, бидете убедени дека тоа е нешто што не ќе можете да го одбиете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Во меѓувреме, пред да се фати за работа, „кумата на фитнесот“  замина за Франција. На полнење батерии во Париз, градот на љубовта и романтиката, градот на светлината и уметноста кој  ја обзема и опчини, исто толку колку што таа него и неговите постители… Или барем така Ана во еден момент ќе си помисли! Но, за тоа – потоа!

Најпрвин прекрасните ресторани на париските улици и шеталишта беа нејзино неодминливо свратилиште… Како и книжарниците полни со разновидна литература, ама и слаткарниците преполни со изобилство од најубави слатки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

А потоа, да се дојде во Париз а да не се посети лулката на светската уметност, единствениот и најпознат светски музеј Лувр, е речиси еднакво на грев. За да не биде „грешница“ која го прескокнала храмот на уметноста, Ана се упати кон влезот на музејот.

Внатре додека љубопитно ја набљудуваше секоја слика од светската бесценета уметност, впивајќи ја со поглед секоја честичка од движењето на четкичката на врвните светски мајстори на уметноста, на „фитнес инструкторката“ и пролета една мисла низ главата.

И самата со извајана позадина како да ја клесал самиот Микеланџело Буонароти, во целата толпа која се туркаше од што поблизу да го види најпознатото светско ремек дело на Леонардо да Винчи, македонската фитнес инструкторка  Ана Стојанова стегната во црни тесни кожени панаталони, сите ги засени. 

Дури и Мона Лиза… или барем така си помисли. А, можеби и не?

Впрочем, фразата што ја споделила:  „Во соба полна уметност се’ уште зјапам во тебе“ – може да се разбере само на два начина:

Или „фитнес кумата“ покрај сета таа уметност мислела на единствената Мона Лиза, или единствено на себе и влажните машки погледи кои се фокусираат таму долу, кога Ана ја гледате одзади!

Што е неодминливо дури и во „полна соба уметност“ во најпознатиот светски музеј, освен… ако не сте г*ј!

Фото: Инстаграм/annstojanova

 

To top