Радио Милева хуморен џезер

Хуморот на Четкар е како џезот – з’ш за да го разбереш, мора да си или џезер во душа или… охриѓанец! (ВИДЕО)

Хуморот на Четкар е како џезот – з’ш за да го разбереш, мора да си или џезер во душа или… охриѓанец! (ВИДЕО)

Владимир Василевски – Четкар, македонскиот џез гитарист со интернационално реноме, туку што се врати од турнеја по Далечниот Исток. Таму, како и на многу други места ширум светот е мегаѕвезда, кај нас на Балканот, каде што царуваат турбофолкот и кичот, а Техеран звукот доминира,  остана некако несфатен до крај…

Иако, како што самиот умее да каже: „Нема граници кои врвната и искрена уметност неможе да ги пробие!“, некои закоравени жабокречини, тешко се брануваат. Впрочем за да го разбереш џезот, мора да си и по малку музички „писмен“, троа едуциран, да сакаш да слушаш малку повеќе од „завивање од Ориентот“ и трилери на хармоника и синтисајзер. Таква е таа музика, не е баш за сечие уво, ама по се’ изгледа таков е и хуморот на родениот охриѓанец Четкар!

Имено покрај останатото што го споделува на социјалните мрежи како дел од неговата музичка кариера, спотови, настапи, турнеи, Четкар се труди понекогаш да сподели и парче  сопствен хумор… Овој пат, охридски.

Така на пример октомвриското капење во Охридското езеро Четкар го зачинил со „Лепотан френдли совет“.

Или што би рекол охридскиот гитармастер: „Надворешната убавина понекогаш заслепува, па луѓето не можат да ја видат вашата генијалност“!

Е сега дали баш тајната на внатрешната убавина е во надворешната или надворешната ја засенува внатрешната, е прашање за дилема? Особено што надворешната е минлива, за разлика од внатрешната, чиј секој изустен збор долго се памти!

Она што Четкар како хумор го сервирал на поединци им е смешно, а многу други се прашуваат: „Што сака со ова да каже писателот?“ Во случајов џезерот! З’ш хуморот на Четкар е како џезот – за да го разбереш мора да си или џезер во душа или… охриѓанец!

Фото и видео: Инстаграм/vladimir_cetkar

 

To top